Меланија Трамп: Престанете да зборувате за мојата облека

Fashionel.mk

09/10/2018

18:38

2.054

Големина на фонт

а а а

Меланија Трамп неодамна ја заврши својата прва самостојна турнеја во Африка. Нејзиниот престој во Гана, Малави, Кенија и Египет се следеа под будното око на јавноста, каде очигледно нема простор за ниту една грешка.

Првата дама на САД се најде на удар на медиумите, повторно поради изборот на облека, особено за време на престојот во Египет.

Таа одбра современа варијанта на сафари стајлинг, носејќи притоа шлем кој според многумина е показател дека „таа не ја познава доволно историјата на земјата чиј гостин е, штом одбрала моден додаток кој „не може да не потсети на времето на колонијализмот“. 

Воедно, таа за време на посетата во Египет се појави во деловна комбинација во бели нијанси, со шапка, што повторно предизвика реакции по социјалните мрежи. 


Ја споредуваа со изгледот на Мајкл Џексон од спотот „Smooth Criminal", изгледот на Ханибал Лектор или Индијана Џонс... 

Иако секогаш молчи, овој пат одлучи да одговори на провокациите кои ѝ беа упатени за време на престојот во Египет. 

„Знаете што, тукушто завршивме едно неверојатно патување, бевме во Гана, Малави, Кенија, а еве сме и во Египет. Сакам да зборувам за моето патување, а не за тоа што го носам. Ова што го правам е од исклучителна важност, кои се моите иницијативи и што правиме со USAID. Би сакала луѓето да се фокусираат на она што го правам и работам, а не на тоа што го носам". 


Но, и овој одговор наиде на нови коментари: 

„Прва дамо, ниту ние не сакаме да зборуваме за вашите модни комбинации. Попрво би зборувале за пораката што ја праќате со изборот на облека", е еден од коментарите на Твитер. 

„Шлемот во Африка беше ужасен избор, како и јакната „I Really Don't Care", на границата со Мексико. Колонијализмот е твој избор?"; „За жена што се разбира во мода, таа знае дека модата зборува и праќа пораки, политички или било какви други"; „Одговорноста е во вашиот избор на облека"; се дел од коментарите што може да се сретнат на социјалните медиуми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг