Милош Димковски: Не сум се чувствувал побезбедно

Точка

01/10/2018

10:40

3.101

Големина на фонт

а а а

Милош Димковски можеби и не ви значи многу. Но, ако го претставам со неговото уметничко, Евгениј Хоуп, тогаш во него ќе го препознаете вашиот омилен автор на книги кои произлегуваат од неговите патувања и авантури. Иако имал отпор, сепак Москва, ја издвојува како незаборавна дестинација и низ свежи импресии, ни одговори токму од таму.

1. Зошто имаше отпор да ја посетиш Москва?

-Верував на секакви инфорамции, но кога решив сам да ја проверам веродостојноста, налетав на нешто сосема поразлично. Москва е сé она што мислиме дека ќе најдеме таму.


2. Што прво ти го привлече вниманието кога стапна таму?

-Скенерите и обезбедувањето. Никогаш се немам почувствувано побезбедно, отколку тие неколку денови. Будните очи на полицијата те демнат зад секој агол.

3. Кои се првите места што ги посети?

-По излегување од аеродромот Внуково со такси се одвезовме на Црвениот плоштад. Тоа е дефинитивно појдовната точна во Москва. Црквата на Св. Василиј, Лениновиот мавзолеј и ГУМ беа првите нешта со кои се соочив како посетител.

4. Проба ли водка?

-Без вотка ништо не поминува. Русский Стандарт ми е омилена.

5. Какви им е односот на Русите кон туристите?

-Имав слушнато дека се ладни спрема посетители. Но, моето искуство засведочи поразличен пристап. Освен тоа што не знаат англиски, се трудат да ти помогнат на било кој начин. На пример, кауч-сурферот каде што престојував на мене и мојата пријателка ни ослободи соба за преноќување.

6. Колку чини еден дневен престој во Москва?

-Зависи од приоритетите на човекот. На пример, рестораните се изгор, а послужената храна е во мала количина. Ретко кога може да ти го задоволи апетитот. Ако финансиски не си поткован како што треба, тогаш барај начини разумно да го искористиш буџетот. Со 20 евра скромно може да се помине еден ден.

7. Незаборавна случка?

-Успеав да бидам дел од последниот топол ден за оваа година во Москва, па прошетка со кабриолетот на мојот пријател Илија беше едно од поинтересните доживувања за тие денови.

8. Ќе ја паметиш по?

Палачинка со јаболко и прелив од карамела, посетата на книжарниците и пиење на кафе со директен поглед на Црвениот плоштад.


9. Не ти се допаѓа..?

Сообраќајниот метеж. Мислам, нема што друго да се очекува од град со 13 милиони жители. Навикнати се да патуваат час и половина во еден правец до работа. Или тоа ќе излезе три саати на ден. И да, токму поради тој сообраќен метеж го пропуштив авионот за назад.

10. Што научи од ова патување?

Доста беше шетање низ Европа, време е да се истражат нови градови, држави и континенти. Европа ми стана здодевна после сите годините талкање низ неа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг