Ова куче од Русија ја одмаздило својата сопственичка: Нејзиниот убиец не сметал дека кучето ќе помине километри за да го направи ова

Точка

12/07/2018

21:43

4.474

Големина на фонт

а а а

Аркадиј Антонов од Санкт Петерсбург бил уапсен за убиство на својата девојка откако нејзиното куче Фокс ја одвело полицијата до нејзиното тело.

Марија Фроленкова била убиена од своето момче бидејќи се гледала со друг маж. Антонов рекол дека се вознемирил и изгубил контрола откако таа му признала дека се гледа со друг маж кого го запознала преку интернет. 

Ја одвел во шума и ја тепал до смрт, а потоа нејзиното тело го прекрил со лисја и гранки. Поради стравот дека нејзиното куче би можело да привлече внимание, го однел на 9,6 километри од тоа место и го оставил таму. Полицијата го пронашла кучето неколку часа подоцна. Тоа лаело, сакајќи да го следат. Тие тоа го направиле, и кучето ги одвело до телото.

Антонов бил уапсен неколку часа по убиството и се очекува да биде осуден на 15 години затвор.

Фокс бил преземен од семејство кое ќе се грижи за него. Фроленкова има малолетни ќерка и син за кои се грижела по првиот развод. Не се знае кој ќе се грижи сега за нив.

Фроленкова го запознала своето момче убиец преку интернет и му кажала дека не е заинтересирана за сериозна врска, но тој не се откажувал. Се преселил во нејзиниот град за да пронајде подобар живот, но ја носел Фроленкова во скапи ресторани и и купувал скапи подароци за да го промени мислењето. Кога тоа не се случило, ја убил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг