Трамп го објави писмото од Ким: Многу убава порака

Макфакс

12/07/2018

20:51

1.360

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на Твитер го објави писмото што му го испрати севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Во писмото Ким наведува дека верува дека нивните напори да ги подобрат односите меѓу двете земји ќе вроди со плод. Трамп за писмото рече дека е многу убава порака оценувајќи дека е постигнат голем напредок.

Во писмото, Ким оценува дека средбата на двајцата лидери што се одржа пред еден месец во Сингапур и заедничкото соопштение што го потпишаа бил почеток на едно важно патување. Лидерот на Сверна Кореја изразува цврсто уверување дека силната волја, искрените напори, како и неговиот и пристапот на Трамп кои се насочени кон отворање на ново поглавје во односите меѓу САД и Северна Кореја, ќе вродат со плод.

Ким во писмото наведува дека ја цени енергијата и извонредните напори на Трамп со цел подобрување на односите меѓу двете земји. Ким изразува уверување дека епохалниот напредок во промовирање на односите меѓу САД и Северна Кореја ќе доведат до следен состанок на двајцата лидери.




Спонзорирани линкови

Маркетинг