Скандал! Ориќ се заканува со ново крвопролевање на Балканот: Следната војна ќе избие побрзо од оваа последнатав

Точка

12/07/2018

20:39

7.968

Големина на фонт

а а а

Обвинетиот за воени злосторства, Насер Ориќ, држи јавни предавања низ Босна и Херцеговина, во кои се заканува со нови воени судири. Воениот командант на таканаречената Армија на БиХ во Сребреница, против кого пред Судот на БиХ бил обновен процесот за обвиненијата дека е одговорен за страшните воени злосторства над заробените српски цивили и војници, наведените закани ги изрекол минатиот викенд во просториите на Исламскиот педагошки факултет во Зеница.

Учествувајќи како специјален гостин на промоцијата на книгата "Животот пред и по Сребреница" од авторката Еснефа Смајловиќ Мухиќ, Ориќ речиси половина час држел класичен говор. 

Најмногу зборувал за предавството во Сребреница од страна на босанските политичари, потоа за "геноцидот" кој над Бошњаците во Подриње наводно почнал дури и пред избивањето на воените судири, за четниците и нивните наследници кои ги релативизираат злосторствата, па се до отворените закани за нова војна, која според неговите зборови, ќе почне побрзо од тоа што многумина веруваат.

"Мене кога ми зборуваа мислев дека војна нема да има никогаш повеќе, но следната војна ќе се случи малку побрзо од тоа што мислиме. Тоа ви го кажувам јас", порачал Ориќ од говорницата во просториите на Исламскиот педагошки факултет.

Претставниците на здруженијата на српските жртви од Обрамбено-татковинската војна, се огорчени со тоа на обвинет за најтешки воени злосторства му се дава можност да патува низ земјата и да држи политички и воени говори.

Кога Обвинителството на БиХ пред неколку години поднесе обвинение за Насер Ориќ, а Судот на Бих му овозможи да се брани од слобода, на сите им беше јасно дека тој тоа ќе го искористи за притисоци и заплашување на сведоци", вели претседателот на Републичката организација на семејствата на заробените, загинати борци и исчезнатите цивили, Недељко Митровиќ.

Тој додава дека веднаш по одлуката на Судот на БиХ да не се затвори Ориќ, се знаело дека судскиот процес ќе личи на фарса, што, како што вели, било потврдено со претходно ослободителната пресуда на бошњачкиот воен командант.

"Иако таа скандалозно пресуда е поништена и целата постапка е вратена на почетокот, ништо суштинско не е променето. Иако е обвинет за страшни злосторства поради кои во секоја нормална држава ќе биде ставен зад решетки до завршување на новото судење, Ориќ и натаму е на слобода и шета низ БиХ, а сега, држи и воинствени говори", вели Митровиќ.

Апелациониот совет на Судот на БиХ пред нешто повеќе од еден месец донел одлука со која се укинува ослободителната пресуда за Насер Ориќ и новиот соборец од таканаречената Армија на БиХ, Сабаудин Михиќ, кои се обвинети за сурови убиства на заробени Срби во сребреничките села Залазје, Куњерац и Лоличи. Уважувајќи ја жалбата на обвинителот Мирослав Јанјиќ, Апелациониот совет наложил поништување на ослободителната пресуда и повторување на постапката. Обвинението против Ориќ и Мушиќ било поднесено во август 2015. година.

Пред Насер Ориќ, воинствени пораки јавно изнесувал и уште еден бошњачки воен командант, Атиф Дудаковиќ, кој исто така е обвинет за воени злосторства извршени над Срби.

Дудаковиќ, на почетокот на минатата година во Луксембург, на бошњачката дијаспора и порачал да почне да набавува воени униформи и опрема, а кон средината на истата година порачал дека војната не завршена.

Со одлуката на Судот на БиХ и на Дудаковиќ му било дозволено да се брани од слобода.



Спонзорирани линкови

Маркетинг