Англија: Половина нација го гледала натпреварот со Хрватска

Макфакс

12/07/2018

19:52

812

Големина на фонт

а а а

Половина англиска нација го следела телевизискиот пренос на натпреварот меѓу Хрватска и Англија што се одигра вчера на Светското првенство во Русија.

Со популација од околу 55 милиони жители, првичните проценки покажуваат дека полуфиналето го следеле 26, 34 милиони Англичани.

Последните пет минути од мечот ги урнаа сите телевизиски рекорди во последните неколку години. Процентот на гледаност е ист како со завршната церемонија на Летните олимписки игри во Лондон во 2012 година.

Според извештаите на водечките ТВ-куќи во Англија, натпреварот со Колумбија во осминафиналето го гледале 23,8 милиони Англичани. Четвртфиналето со Шведска било многу помалку гледано – 19,9 милиони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг