Лига Европа: Вардар загуби од Пјуник

Макфакс

12/07/2018

18:39

1.023

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Вардар со пораз ја започнаа новата сезона во европските купови. Попладнево, во главниот град на Ерменија, Ереван, Вардар загуби во првиот меч од првата квалификациска рунда во Лига Европа, од Пјуник со 1:0.

Фудбалерите на Вардар со пораз ја почнаа новата сезона во европските купови. Попладнево во главниот град на Ерменија, Ереван, Вардар загуби во првиот меч од првата квалификациска рунда во Лига Европа, од Пјуник, со 1:0.

На европската премиера во новата сезона фудбалерите на Вардар не блескаа, речиси и не се заканија кон голот на противникот, а Пјуник победи со случаен и среќен гол.

Голот го постигна Конате во 28. минута.

Реваншот во Скопје, на кој на Вардар му е потребна победа од два гола разлика, ќе се одигра на 19 јули.




Спонзорирани линкови

Маркетинг