Го посакуваа Челси и Арсенал, а тој се пресели во Фулам

Дерби

12/07/2018

17:22

964

Големина на фонт

а а а

Од редовите на Фулам и официјално го потврдија трансферот на Жан Мишел Сери кој доаѓа од тимот на Ница.

Играчот од Брегот на Слоновата коска со новиот премиерлигаш потпиша четиригодишен договор, а интересно е тоа што за него сериозен интерес имаше од Арсенал и Челси, но на крајот тој заврши на „Кревин Котиџ“.

- Вчера беше долг ден, па затоа прекрасно е што сега се конечно е завршено. Подготвен сум да започнам и со нетрпение очекувам да ги запознам соиграчите, тренерот и неговиот тим. Пресреќен сум што сум овде, ова е нова авантура за мене- коментираше Сери.

Во пакет со Сери на „Кревин Котиџ“ пристигна и 28 годишниот играч од одбраната на Ница, Максим Ле Маршан. Фулам на Ница за овие двајца фудбалери плати околу 30 милиони фунти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг