Данев: Декларацијата за приклучување на Македонија во НАТО не е ништо ново

Макфакс

12/07/2018

16:23

148

Големина на фонт

а а а

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Драган Данев, денеска изјави дека декларацијата за приклучување на Македонија во НАТО не е ништо ново.

„Секогаш вакви декларации и резолуции со кои се поддржува влезот на Република Македонија во Европската Унија и НАТО се носеле со консензус од сите политички партии како натпартиски документ. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги поддржувала, ги поддржува и ќе ги поддржува во иднина“, истакна Данев.

Тој додаде дека првата декларација за влез на земјата во НАТО била поднесена од ВМРО-ДПМНЕ во 1993 година и изгласана со консензус од сите политички партии во Собранието во тој период.



Спонзорирани линкови

Маркетинг