Сите ни велат во лето да не пиеме студена вода: Тој го направил тоа и многу зажалил - еве што се случило

Точка

12/07/2018

16:22

9.088

Големина на фонт

а а а

Летно време сите ни повторуваат дека, колку и да изгледа примамливо, ни случајно не треба да пиеме студена вода. А по неговиот пример можеме и да видиме зошто тоа ни го зборуваат.

"Па, сите знаеме за препораката по жешките денови да не пиеме студена вода, но малку кој знае зошто таа препорака воопшто постои", вели на својата Фејсбук објава Адам Шауб од Тексас. 

Меѓу другото, студената вода е толку добра, како би можела да е лоша? Епа вчера дознав како. Работевме на ужасна горештина, што само по себе не е добра идеја, а потоа мојот татко забележа дека моето лице станува црвено па ми предложи да се одморам.

Тоа и го направив и веднаш земав шише студена вода кое го испив на брзина. Малку подоцна, татко ми ми предложи да влезам во автомобилот и да пуштам клима за малку да се разладам и да дојдам при себе. Во автомобилот испив уште малку студена вода, и наскоро почнав да се чувствувам многу чудно.


Гледав точки пред очите, ми беше многу тешко, а рацете почнаа да ми се вкочануваат. Чувствував дека ќе повратам, па брзо ја отворив вратата од автомобилот и во следниот момент сум со лицето на земја, а татко ми ме врти се обидува да ме освести. 


Ми кажа дека неколку минути сум бил во несвест. Дојде и итна помош и во следната секунда знаеше што се случило, односно кога ме видоа. Како што ми објаснија, кога по жешко време, пиете шише студена вода, телото влегува во шок бидејќи мисли дека стомакот влегува во хипотермија, па топлата крв ја праќа директно во стомакот за да го спречи тоа. Поради тоа губите свест.

Ми објаснија дека и студената вода е добра, но само ако пиете по неколку голтки, и тоа полека.

Исто така ми кажаа дека во такви случаи подобро е да се пие вода со собна температура.

Ете, го споделувам ова со сите за да не ја повторите мојата грешка. Жешките денови се пред нас - пијте многу вода, но со собна температура - порачал тој на крајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг