Македонија ја доби поканата за НАТО

Макфакс

12/07/2018

16:08

1.930

Големина на фонт

а а а

Република Македонија ја доби поканата за почеток на пристапни преговори за членство во НАТО.

Генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг му ја врачи поканата на премиерот Зоран Заев и му честиташе за политичката храброст.

„Честитам за политичката храброст и посветеноста за подобра иднина“ рече Столтенберг.

„Откако ќе завршат внатрешните процедури и ќе биде ратификуван договорот, ќе седите на иста маса со сојузниците и ќе имате еднаков глас со нив“ нагласи Генералниот секретар на НАТО.

Тој порача дека денеска е ден за славење.

Заев го бакна пенкалото, подарок од Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг заедно со поканата за членство во НАТО која му ја врачи на претседателот на Владата, Зоран Заев симболично му подари и пенкало.

Откако се фотографираа со поканата, Заев го бакна подареното пенкало.

За време на свечената церемонија, Генералниот секретар на НАТО истакна дека по завршувањето на внатрешните процедури и ратификување на договорот, Македонија ќе седи на иста маса со сојузниците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг