Макрон го демантира Трамп: Членките на НАТО не се согласија да ги зголемат трошоците за одбраната

Макфакс

12/07/2018

15:40

258

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател, Емануел Макрон го отфрли тврдењето на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп дека членките на НАТО се согласиле да ги зголемат трошоците за одбрана над два проценти од бруто домашниот производ.

Запрашан за тврдењата на Трамп, Макрон на новинарите им порача да го прочитаат соопштението кое беше објавено вчера и е многу детално.

„Во соопштението се потврдува целта од два отсто до 2024. година. Тоа е сѐ“, додаде Макрон.

Претходно денеска, на вториот ден од НАТО Самитот, Трамп изјави дека членките на НАТО се согласиле да ги зголемат своите воени трошоци и се обврзале да потрошат повеќе од 2 отсто од својот БДП на буџетите за одбраната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг