Ахмети: Се остварува сонот на граѓаните за Македонија во НАТО

Макфакс

12/07/2018

15:36

165

Големина на фонт

а а а

Имам посебно задоволство да упатам честитки до сите граѓани на Република Македонија за добивањето на поканата за членство во НАТО, напиша денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на својот официјален профил на „Фејсбук“.

Тој додава дека ова претставува исклучително големо и значајно постигнување во однос на сигурната иднина на земјата.

„Евро-атлантската интеграција беше патоказ на нашата политичка и општествена активност уште од зачетоците на нашата дејност, но истовремено и нашата конзистентна посветеност кон остварувањето на овој стремеж, при што цело време бевме недвосмислено фокусирани кон оваа цел“, наведува претседателот на ДУИ.

Според него, целосната интеграција на нашата земја, но и на регионот во НАТО, ја прави целосна нашата слобода, овозможува безбедност, стабилност, оддржлив мир, добри меѓуетнички односи, економски развој и општествена благосостојба.

„Овие постигнувања се резултат на заедничката работа на нашите граѓани, политичките партии, граѓанското општество, академската фела, медиумите и меѓународните пријатели“, вели Ахмети и доадава дека сонот на граѓаните почнува да се остварува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг