Туристички автобус изгоре на обиколница во Скопје

Макфакс

12/07/2018

15:26

2.906

Големина на фонт

а а а

Туристички автобус на обиколницата во правец Сарај-Визбегово изгоре во пожар. Според очевидци што разговарале со возачот, причината за пожарот е неисправност на моторот.

Во автобусот немало патници, а возачот навреме излегол. Повредени нема. Бидејќи не бил во можност да реагира, возачот повикал противпожарна служба која пристигнала за 10-тина минути.

Од МВР велат дека пожарот бил пријавен, каде во моментов има увидна екипа и Противпожарна бригада.




Спонзорирани линкови

Маркетинг