Оваа реклама е забранета во многу земји, но совршено објаснува зошто се важни женските гради

Точка

12/07/2018

15:25

1.361

Големина на фонт

а а а

Женските гради дефинитивно се една важна тема, па нè не чуди тоа што често се појавуваат видеа и текстови за нивната правилна нега, значење или одбирање на соодветниот градник. Како земја која е склона на модата и со неизмерна љубов кон градите, Јапонија поминува многу време размислувајќи за тоа како да дизајнира што попредизвикувачка долна облека.

Иако градникот е естетски елемент на интимната облека, примарната цел е да ги поддржи градите, кои можат да вршат голем притисок на грбот и на тој начин да предизвикаат негово искривување и деформирање. Ова видео отвара важна здравствена тематика за тоа дали некогаш размислуваме колку тежи женското деколте и како е да се носи толкава тежина секој ден. За полесно да се објасни тежината, авторите на видеото употребиле животни од различни големини. За помалите гради биле искористени поситни животни, а за поголемите гради, покрупни животни. 

Животните се сместени во отворени, пластични корпи, а ги носат мажи за да имаат можност да почувствуваат какво е чувството да имаат дополнителна тежина на себе. Додека ја носат оваа дополнителна тежина, мажите се обидуваат да се движат и да изведуваат активности како што е играње тенис или бокс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг