Емили Ратајковски првпат го покажа вереничкиот прстен

Точка

12/07/2018

14:41

1.314

Големина на фонт

а а а

Манекенката Емили Ратајковски на Инстаграм се пофалила со својот веренички прстен, кој има два големи дијаманти.

Во февруари ја изненади јавноста кога објави дека се верила, а нејзиниот сопруг, актерот Себастијан Беар-Меклард дури сега и го дал вистинскиот веренички прстен.

Манекенката објави две фотографии од прстенот. На првата ја покажува само својата рака и сопругот во позадина, без ниеден збор - на сите им даде до знаење за што станува збор, но затоа објави и „селфи“ на кое што во центарот на вниманието е повторно нејзиниот прстен со еден дијамант во облик на круша и друг во форма на коцка.

Емили, после веридбата во интервјуто за Harper's Bazaar, објаснува зошто немала веренички прстен.

„Кога ме запроси во ресторанот тој воопшто немаше купено прстен. Имено, тој направил прстен од спојувалки што биле закачени на сметката и тоа ми беше многу романтично“, раскажала тогаш Емили, а изгледа дека Себастијан сега, четири месеци после веридбата, конечно ѝ се оддолжил на сопругата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг