Победа на Трамп: Сите ги прифатија моите услови, јас сум гениј

Точка

12/07/2018

14:32

843

Големина на фонт

а а а

Завршена е затворената седница на членките на НАТО сојузот, која била одржана поради тиранијата на Трамп, оценуваат агенциите. Американскиот претседател порачал: НАТО е одличен.

Потсетуваме, извори на агенциите "AP" и "Reuters" јавиле дека поради тиранијата која ја спроведувал американскиот претседател Доналд Трамп, најпрво со твитови, а потоа и со остри ставови на вториот ден од самитот на НАТО во Брисел, од Украина и Грузија, инаку партнери на НАТО, побарано било да ја напуштат седницата за таа да продолжи зад затворени врати. 

Трамп бил толку непријатен во изнесувањето на своите добро познати ставови дека членките на НАТО не даваат доволно пари за финансирање на таа алијанса, во еден момент германската канцеларка ја нарекол по име, велејќи: "Ангела, навистина морате да направите нешто по тоа прашање".

Трамп мислел на поголемо издвојување на пари од Германија за заедничка одбрана, односно за буџетот на НАТО, на што германската канцеларка му одговорила дека Германија е втора зеја по ред со најмногу издвојување за НАТО.

По завршувањето на денешната седница во Брисел, американскиот претседател им се обратил на медиумите. Тој притоа рекол дека САД досега за финансирање на НАТО издвојувале 70 до 90 проценти во однос на другите земји, и дека тоа воопшто не е фер.

"Сега се договоривме дека тоа ќе се промени. НАТО членките прифатија да издвојуваат повеќе пари и ние сме среќни. Повеќе трошење на пари за НАТО не и одговара на Русија, сега НАТО има повеќе пари. САД носеа најголем дел од товарот. Денешниот состанок беше фантастичен. 29 држави прифатија да го зголемат издвојувањето за одбрана, па така и Германија", изјавил Трамп и додал дека германската канцеларка му рекла дека Германија е подготвена во иднина да направи повеќе по прашањето за НАТО и гасоводот од Русија.

Тој рекол дека една година ги притискал останатите членки на НАТо поради недоволното финансирање и дека конечно денес успеал во тоа да се промени тој нерамноправен однос. Истакнал дека САД биле и ќе останат посветени на НАТО, но дека некои работи мора да се променат.

САД имаат најдобро оружје на светот и останатите членки на Алијансата треба да купуваат повеќе такво оружје, порачал Трамп. Запрашан дали останува при заканите за повлекување од НАТО, и дали би можел да го направи тоа без Конгресот, Трамп одговорил: "Мислам дека многу веројатно би можел, но тоа не е потребно".

На прашањето на новинарите дали ќе ја промени "плочата" кога ќе влезе во претседателскиот авион и го напушти Брисел, Трамп одговорил: "Не, јас сум конзистентен по тоа прашање. Јас сум гениј".



Спонзорирани линкови

Маркетинг