Путин е подготвен, Русија во супербаза на Арктикот испраќа моќно оружје на кое ниту најниските температури ништо не му можат

Точка

12/07/2018

15:04

2.160

Големина на фонт

а а а

Ќе има сè поголема расправа и борба околу дното на океанот под мразот на Арктикот. Се претпоставува дека таму се наоѓаат четвртина од сите светски залихи на нафта и гас, што е само уште една причина за освојувањето на студениот врв на светот.

Топењето на мразот на Арктикот, поради глобалното затоплување, отвара нови трговски рути помеѓу Европа и Азија. Сега практично секој брод помеѓу Европа и Азија оди низ Суецкиот канал, па Црвеното море и морињата околу Сомајлискиот полуостров. 

Меѓутоа, топењето на мразот ќе биде директен отворен пат со руското крајбрежје поради што тој дел од светот ќе стане поинтересен и поважен.


Владимир Путин, кој е свесен за тоа, веќе ги информирал воените бази и области задолжени за контрола на студениот север. Русија распореди 28 бродови и 42 подморници и две единици за копнена војска посебно опремена за војување во екстремни зимски услови.

Во склоп на опремата на 80 моторизирани бригади тука е и хеликоптерот Mi-8AMTSh-VA. Станува збор за посебна варијанта на хеликоптер MI-8 наменета за делување по Арктикот.

Тој е опремен со електрични мотори со грејачи и тефлонски цевки за масло, гориво и хидраулика. Сето тоа му е овозможено на хеликоптерот кој треба да делува на дури -60 степени Целзиусови. За превоз на војниците и опремата по копно, задолжен е неодамна претставен GAZ-3344-20, кој може да се движи дури и по вода. Тој може да пренесува 12 војници со полна опрема или околу три тони товар, а максималниот домет му е околу 450 километри.


Втората единица, 200 самостојна моторизирана бригада, е елитна единица опремена со тенкови, фрлачи на ракети, хауби и систем за противвоздушни одбрани.

Во нејзина околина се и тенковите Т-80 кои се преуредени за арктичко војување. Русите имаат речиси 5.000 тенкови од типот Т-80. Она што го издвојува е дека користи турбина како мотор, а вообичаено е дека тенковите користат дизел мотори.


Тоа значи дека Т-80 може во рок од една минута да тргнат од местото во зимски услови, додека на дизел тенковите им се потребни 45 минути.


Важно е да се спомене дека постои само уште еден тенк кој користи турбински мотори и тоа е американскиот М1 Абрамс, но тие имаат огромни проблеми со филтерите за воздух и релативно често мора да одат на сервисирање.


Другиот недостаток е што турбините испуштаат огромни количини врел воздух што значи дека се "видливи од универзумот", а пешадијата не може да ги следи тенковите поради опасности од изгореници. Како и да е, Путин докажа уште еднаш дека претходно ги предвидува сопствените и противничките слабости.



Спонзорирани линкови

Маркетинг