Неверојатно: Штотуку пристигна во Јуве, а италијанскиот шампион преку продажба на дресови го исплати трансферот

Дерби

12/07/2018

13:54

2.054

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид и Јувентус направија одлична зделка со Роналдо, во која двете страни се задоволни. Трансферот од 100 милиони евра по се изгледа не ги засегна ни двете страни. Петкратниот добитник на „Златната топка“ по ставањето на потписот на четиригодишен договор ќе инкасира 30 милиони евра по сезона.

Но, очигледно раководството на Јувентус го направија потегот на деценијата, зошто според некои пресметки со продажбата на дресовите, само за овие неколку денови, трансферот е исплатен, а понатаму од продажбата на дресовите се пополнува финансиската дупка што ја имаше Јувентус.

Се очекува продажбата на дресови да надмине над 1 милион бројка на дресови, така да сума од 100 евра по дрес очигледно не претставува проблем за љубителите на Роналдо и Јуве.



Спонзорирани линкови

Маркетинг