Се јавија и оние кои најмногу се засегнати од трансферот на Роналдо во Јувентус: До кога ние ќе трпиме…

Дерби

12/07/2018

13:53

1.137

Големина на фонт

а а а

Кога во време на Светското првенство сите очи се вперени во тоа кој ќе ја понесе мундијалската титула, очигледно раководството на Јувентус со потегот кој го направија, со ангажманот на Роналдо, ова најголемо и најпосакувано првенство го ставија во втор план.

Трансферот дека е вистинска еуфорија потврдија, актуелни и поранешни фудбалери од Реал Мадрид и Јувентус кои со пораки го поздравија неговиот нов ангажман.

Но, се јавија и такви кои не се фудбалери и кои не се задоволни од трансферот на Роналдо во Јувентус, зошто ќе се удри од нивниот грб и на нивната плата. Се работи за италијанскиот синдикат во кој ги застапува работниците на Fiat Chrysler Automobiles во фабриката во Мелфи поради тоа што фабриката ќе обезбеди дел од парите за трансферот и за плати за Роналдо, а работниците нема да добијат покачување. Синдикатите го поздравија раководството на фабриката со најавен штрајк во FCA Melfi 15 јули и и 17 јули.

Од заедничкото соопштение може да се заклучи дека тие воопшто не посакуваат толку големо богатство да се потроши на еден фудбалер, а тие што најмногу придонеле за растот на компанијата сеуште да ,,патат” по бенефиции и плати.

– Не дозволуваме и не прифаќаме работниците од FCA и CNHI со својата посветената работи да прават огромни економски жртви, а матичната компанија со еден потег да поттроши огромна сума на пари, и тоа стотици милиони евра за еден човек, а особено кога ни беше соопштено дека ова се тешки економски времиња и дека мора да имаме разбирање за најниското социјално осигурување кое го добиваме работејќи во оваа компанија, – пишува во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг