Мајка на 11-месечно бебе вчера преживеала вистинска траума во скопска градинка, инспекторите на терен

Макфакс

12/07/2018

12:51

4.274

Големина на фонт

а а а

Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата работи на расветлување на случајот со 11 месечното дете кое било каснато во градинка. Министерството за труд и социјална политика информира дека е запознато со случајот за каснатото 11 месечно дете и дека е во постојан контакт со градинката.

„Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата е веќе на терен и работи на расветлување на случајот, односно за тоа како настанала повредата на детето и ако постои сомнеж согласно со Закон ќе се поведе постапка за утврдување на дисциплински престап“, соопшти министерството.

Оттаму додаваат дека поради намалениот број на деца во јавните установи за деца детски градинки во летниот период долгогодишна пракса е децата од различни занимални следствено на возраста да се згрижуваат во помал број на занимални, но тоа не значи и зголемен број на деца во занималните.

Мајката на детето тврди дека тоа било изгризано и удирано во градинка. Таа на Фејсбук објави дека кога отишла да ја земе својата 11-месечнаа ќерка од градинка во Скопје, забележала видливи повреди на грбот на детето, по што веднаш отишла во болница. Од страна на воспитувачката ѝ било кажано дека најверојатно ја полазил инсект, но докторката го потврдила тоа во што се сомневала мајката, дека детето е гризано и удирано.



Спонзорирани линкови

Маркетинг