Доколку сè уште не знаете каде на летување, можете да го изнајмите овој остров за помалку од 80 евра од ноќ

Точка

12/07/2018

11:51

1.861

Големина на фонт

а а а

За сите љубители на морето и океанот, "Pumpkin Island" (Островот на тиквите) би можел да биде одличен избор ова лето доколку сè уште не сте се одлучиле каде ќе летувате.

Она што е одлично е тоа што островот можете да го изнајмите за само 85 долари или 73 евра по лице за една ноќ. Островот се наоѓа во средината на Големиот корален гребен и зазема површина од 6 хектари, а најблискиот брег е на далечина од 10 километри. 

На островот во истовреме можат да престојуваат 34 лица, а сместувањето е организирано во пет преубави викендички и два бунгалови кои се наоѓаат непосредно покрај брегот.

Островот нуди неколку активности во кои можете да уживате, но фокусот е ставен на опуштање и уживање во природата. Некои од нив вклучуваат пливање со делфини, нуркање, прошетка низ островот, рибарење и запознавање на животинскиот свет на ова место. За оние кои сакаат да почувствуваат малку адреналин, тука се активностите како кајакарење, џет ски и сурфање.

Прекрасните вили и бунгалови се уникатни поради тоа што сета електрична енергија на островот ја добиваат преку еколошки прифатливи начини, како сончева светлина и енергија на ветерот. Домаќините на островот, Вејн и Лорет Рамбл ставаат огромен акцент на одржување на еколошко пријателски карактер на одмаралиштето.

Тие за чувањето на екологијата на овој остров освоиле сертификат за екотуризам. Посебно внимание е обрнато на зачувување на водата поради што се користат прочистувачи за дождовница преку кои се добиваат 450 илјади литри вода. Овој остров годишно го посетуваат над 2,4 милиони туристи.

При доаѓањето на островот, секој гостин мора добро да ги прочита пропишаните правила. Домаќините ќе ве запознаат со главните вредности на островот, но и со правилата на однесување и зачувување на енергијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг