Спасувачите објавија шокантни детали од пештерата: "Ние не сме херои, овој човек е!"

Точка

12/07/2018

21:57

11.437

Големина на фонт

а а а

Водичот на акцијата за спасување на децата и фудбалскиот тренер од пештерата во Тајланд, контраадмиралот Арпакон Јуконгкаев говореше за неверојатната повеќедневна акција. Тренерот и 12 деца поминаа 17 дена без храна и светлина во пештерата која беше поплавена од поројните дождови. Сите се спасени, а Арпакон вели дека најголеми заслуги за тоа има 25 годишниот тренер.

"Среќен сум и уверен дека народот на Тајланд е исто така среќен. Од првиот ден кога дознавме дека се заглавени во пештерата и до кога нашата единица беше одредена за спасувачка мисија, имавме неколку препреки, бидејќи нивото на водата растеше. Не сметавме дека оваа мисија ќе биде толку успешна. Имавме надеж дека тие се сè уште живи, моравме да продолжиме понатаму", наведува тој. 

"Морам да кажам дека сè беше во најдобар ред, сите се во добра состојба. Како што слушнав, користеле камења за да копаат тунел за да се сокријат и каде ќе им биде потопло. Тоа што знам е дека тренерот бил монах, така што знае многу за техниките за медитација и дека ги искористил тие техники за да ги смири децата и да го штедат воздухот".


Тие ја делеле храната која ја понеле со себе во пештерата.

"Речиси воопшто не спиевме, бидејќи во пештерата останувавме до 22 или 23 часот, а кога ќе се вратевме имавме малку часа за сон. Моравме да размислуваме за тоа како ќе се бориме со различните елементи", вели тој.

Контраадмиралот говореше и за Саману Гунану, нуркачот кој во акцијата за спасување го изгуби животот. Беше дел од морнарицата, но бил пензиониран пред неколку години. За спасувачката мисија се пријавил доброволно.

"Мисијата беше многу ризична. Нуркање во услови какви што не сме виделе никогаш претходно. Сметам дека беше пожртвуван и неговата жртва е чесна. Луѓето на Тајланд, а и ширум светот многу го почитуваат. Ние не сме херои. Го работиме она само што е во наша моќ, но една работа која не можеме да ја направиме е да ги разочараме луѓето".


Другите спасувачи велат дека акцијата за малку ќе завршела трагично, бидејќи наведуваат дека пумпите за вода неколку часа после извлекувањето на последното дете престанале да работат. Во тој момент биле оддалечени 1,5 километри од излезот на пештерата, кога главната пумпа престанала да работи. Поради тоа во пештерата дошло до нагло растење на нивото на водата.

Тројца спасувачи од Австралија кои се наоѓале во пештерата рекле дека после тоа слушнале врескање и погледнале бакли во длабочината на пештерата, така што се обидувале да пристигнат до сувиот дел.

Во пештерата во тој момент биле повеќе од 100 спасувачи и работници, а за среќа сите успеале навреме да излезат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг