Македонија во 15 градови ќе ја слави поканата од НАТО

Макфакс

12/07/2018

10:37

1.594

Големина на фонт

а а а

Прослава по повод поканата од НАТО за членство на Македонија во алијансата, ќе има во 15 градови во земјава, соопшти првиот човек на Владата, Зоран Заев во Брисел.

Прославата ќе се случува в сабота.

„Ве повикувам да прославиме заедно на 14 јули низ градовите. Со домашна музика да си честитаме затоа што Македонија оди напред“, рече Заев.

Заев истакна дека лично се радува за поканата. Тој синоќа посочи дека Македонија станува дел од семејството, во куќата во којашто припаѓа. Одговарајќи на прашања, Заев нагласи дека Македонија во изминатите години постојано работеше на подигање на стандардите и на имплементација на вредностите што ги негува алијансата.

Во текот на вчерашниот, прв ден од самитот на НАТО, генералниот секретар, Јенс Столтенберг ја потврди поканата за нашата земја и рече дека Македонија ќе стане 30. членка на НАТО кога ќе бидат завршени сите национални процедури и договорот за името со Грција ќе биде комплетиран.



Спонзорирани линкови

Маркетинг