Нов летен тренд: Ова е костимот за капење што го освои Инстаграм!

Точка

11/07/2018

17:04

4.251

Големина на фонт

а а а

Овој пат не е важен моделот, пресудна е бојата! Сестрите Хадид како и многупати до сега, се виновни за уште еден тренд. Овој пат станува збор за „naked swimsuit“.

Се работи за костим за капење во бои и нијанси на кожата. Очигледно, поентата лежи во тоа костимот да одговара на тенот на кожата, за на тој начин целиот изглед  да добие дополнителен сексапил.

Меѓутоа, овој „nude“ тон, најдобро им стои на девојките со витка линија и завидлива градба, со оглед на тоа дека телото попрактично изгледа кога е потполно соголено.

Покрај класичната „nude“ боја, што е мешавина на кремаста и светлорозева нијанса, постојат и варијации на темата „nude“ тонови, кои можат многу убаво да изгледаат, иако не се совпаѓаат со вашиот тен, но само доколку се посветли од бојата на вашата кожа.

Classic nude ✨⚜️

A post shared by S W I M S L O V E R (@fashion_swims) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг