Глумицата признава: "Градите многу ми помогнаа во кариерата"

Точка

11/07/2018

16:27

2.164

Големина на фонт

а а а

Софија Вергара, познатата глумица изјавила дека бујните гради ѝ помогнале во кариерата како и дека поради нив отсекогаш се чувствувала повеќе сексапилно.

На 13 години таа не била задоволна и воодушевена поради своите бујни гради, па вели дека во тој период сметала дека изгледа како стриптизерка без разлика што да облече. Денес оваа глумица, која наполни 46 години го мисли сосема спротивното. 

Happy verde

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) on

"Благодарна сум што ги имам и искрено многу ми помогнаа", рекла Вергара.

Вергара како 17 годишна девојка на плажа во Колумбија беше откриена од страна на еден тамошен фотограф. Набрзо започнала кариера и првата реклама ѝ била за американски газиран пијалак.

Who wore it best?😂😂😂😂 #bday!!!

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) on

И тогаш и сега, привлекувала внимание каде и да се појави, а после рекламата добила ангажман за ко-водителка во две популарни колумбијски телевизиски емисии, после што ги добила првите актерски улоги.

#tbt the 90’s Miami🙈☀️🐬🌴

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) on

Вергара се прослави со улогата во хумористичната ТВ серија "Модерно семејство" каде ја глуми згодната сопруга на славниот глумец Ед Онил.


Таа е една од најплатените глумици чие богатство се проценува на 120 милиони долари. Моментално е во брак со глумецот Џо Манганиело, а од претходниот брак го има синот Маноло (25).




Спонзорирани линкови

Маркетинг