Скромна прослава за 4-годишнината од бракот: Вака Ѓоковиќ и честиташе на Јелена!

Точка

11/07/2018

15:10

2.334

Големина на фонт

а а а

Најдобриот тенисер, Новак Ѓоковиќ, и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ, вчера прославиле четири години од нивниот брак, пишува Glossy.

После повеќегодишната врска, пред четири години застанаа на лудиот камен и направиле интимна свадба, на која присуствувале само семејствата и најблиските пријатели, на Св.Стефан во Црна Гора.

Имаат две деца, мирен брак и успешни кариери, а вчерашниот датум за нив е посебен, затоа што им е годишнина од нивниот брак.

Новак за таа прилика, на социјалните мрежи сподели нивна заедничка фотографија, под која напишал: „Денес е четврта годишнина од нашиот брак. Многу љубов за мојата сродна душа. Ти благодарам што ова прекрасно патување низ животот го делиш со мене и со нашите деца. И, ти благодарам што си со мене на ова патување во Лондон“.

Ни сопругата Јелена не му остана должна, па ги израдувала обожавателите со една интимна фотографија на која што се таа и нејзиниот сопруг, со емотивна порака: „Сакам да те сакам, љубов моја“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг