Иновациите во системот на исхрана кои ќе ни заменат голем дел од храната која ја јадеме секојдневно

Точка

12/07/2018

12:00

1.140

Големина на фонт

а а а

Една од најактуелните теми со кои се соочуваме во нашето секојдневие е исхраната. Во последно време и тоа како акцентот се става на поздрав живот и поздрава исхрана.

Брзото темпо на живеење, исполнето со многу обврски, неретко ни прави чувство дека деновите минуваат многу побрзо од што очекуваме. Мнозинството не успева да посвети доволно внимание на здравата исхрана, некои не се во можност, други пак не се доволно мотивирани. Како последица на ова, под залог ги ставаме своето здравје и својата тежина.

Иновациите на 21-от век донесоа многу промени во овој сегмент. Акцентот се повеќе се става на здрава исхрана и здравиот начин на живот. Се популаризираа мноштво програми за здрава исхрана и диети. Многу се полемизира и околу тоа што всушност е здраво од храната која ја консумираме секојдневно, а што не.


На една страна се рестораните и угостителските објекти кои ни ја нудат брзата храна, а на сосем спротивен крај е здравата храна, приготвена во домашни услови и нутриционистичките програми за исхрана или подобро кажано, храна која научниците ја создадоа за да ни го олеснат секодјдневието и која позитивно ќе влијае на нашето здравје. 

Кога ќе се спомне зборот „суплемент“ или храна во вид на прав, многумина ја поврзуваат со „хемија“ или храна која не е природна и здрава. Не е лага дека не постојат и такви продукти, но сега воопшто не зборуваме за тој тип на исхрана. Овој пат зборуваме за храна која е создадена од научници и медицински лица, со цел да им служи на потребите на луѓето од секој сегмент.

Имено, станува збор за две нутриционистички решенија кои се достапни на нашиот пазар. NuMe и Life Nutrition се програми за исхрана која е компонирана од продукти како заменски оброци во прав, здрави кранчови, чипсови, пудинзи, супи, палачинки, леб и се што може да ви падне на ум.

Ќе се запрашате какви се тие здрави палачинки, чипсови или пудинг? Да, овие две програми во својот асортиман содржат здрави продукти кои се базираат на многу висок процент на протеини и многу мал процент на јаглегидрати.

Имено, NuMe нутриционистичката програма е без глутен и ГМО. Во оваа храна нема додадени шеќери и е соодветна за луѓе кои боледуваат од дијабетес, како и за вегетаријанци. Се состои од шест вкусни „all in one“ оброци, кои се консумираат во текот на денот.

Оброците вклучуваат шејкови со повеќе вкусови, супи и штангли кои го содржат колагенот како основен елемент. Покрај тоа, NuMe е вистинскиот избор и за луѓе кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми. Преку оваа ниско калорична храна, загарантирано внесувате 100% од витамините, минералите и сите хранливи состојки кои му се потребни на телото. Додатно, nuMe исхраната го пролонгира чувството на ситост и ја намалува потребата за често внесување на храна.

Производите од асортиманот на Life Nutrition се исто така базирани на многу високо количество на протеин и многу малку јаглехидрати. Овие мали протеински оброци во вид на супи, шејкови, чипсови, пудинзи, палачинки, протеински бисквити и протеински кранчови ви овозможуваат да ги внесете сите хранливи вредности, а и воедно ви ја намалуваат потребата за често јадење. За разлика од другата храна која ја јадеме секојдневно, Life Nutrition го пролонгира чувството на ситост.

Овие производи се создадени со цел да им служат на луѓе кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми, како и за оние кои немаат потреба од слабеење но сепак сакаат да се исхрануваат здраво. Лекарите неретко ги препорачуваат и на луѓе кои мораат да се исхрануваат во посебен режим бидејќи им претстои некој хируршки зафат. Оваа храна е решение и за оние кои се во постојано брзање и се премногу зафатени. Едноставниот начин на подготовка ги прави овие оброци погодни за да ги носите секаде со себе и може да ги консумирате во било кое време.



Спонзорирани линкови

Маркетинг