Пресврт во кралското семејство: Меган во преден план со кралицата Елизабета, Кејт тргната на страна!

Точка

11/07/2018

12:31

3.975

Големина на фонт

а а а

По повод прославата на стогодишнината од Кралските воздухопловни сили, членовите на славната монархија, вчера имаа неколку официјални настани. Меѓу нив најзабележана била „неверојатната четворка“ - принцовите Вилијам и Хари, со сопругите Кејт и Меган.

Кралицата Елизабета, со членовите од нејзиното семејство учествувала во низа настани што ја одбележаа стогодишнината од RAF-от, односно Кралските воздухопловни сили.


По тој повод, кралското семејство најпрво присуствувало на миса во Вестминстерската опатија. 


Собраните обожаватели на славните монаси, едвај чекале да ја видат „неверојатната четворка“ - принцовите Вилијам и Хари со сопругите, војвотката Кејт Мидлтон и Меган Маркл.


А имале и што да видат! Младите дами биле на висина на задачата, облечени во своите беспрекорни комбинации. Кејт блескала во светлосин фустан, со потпис од една од нејзините омилени модни куќи, Александар Меквин. Ако фустанот ви делува познато, тоа е затоа што мајката на трите деца, веќе неколку пати носела ист таков, само во други бои - на крштевката на својата ќерка Шарлот и во мај, на венчавката на деверот Хари и јатрвата Меган.


Впечатлив бил шеширот, кој бил во иста нијанса со фустанот, но на сите во очи им панал фантастичниот дијамантски накит - големиот брош и елегантните обетки. 

За разлика од неа, Меган се одлучила за темна и елегантна тоалета од Диор, во тегет боја и раскошен украс за косата, што ја собрала во пунџа, а од накит имала само дискретни обетки и минијатурен каиш.


Двете војвотки се одлучиле за салонки во кожа-боја и задолжителни мали ташни, како што налага и кралскиот протокол, кога се работи за ташните.


После завршувањето на мисата во црквата, кралското семејство се упатило кон палатата на бабата, од каде што гледале вистински воздушен спектакл.

Тоа што на сите им паднало во очи е тоа што овој пат веднаш до кралицата гордо стоела Меган, додека миленичката на нацијата, Кејт, била „турната“ на страна.


Минатиот пат кога членовите на семејството од познатата тераса ги поздравувале собраните обожаватели, по повод прославата за роденденот на кралицата, нивната позиција била сосема различна - Кејт била во преден план, додека позади неа стоела Меган.


Можеби војвотката од Сасекс сега се навикнала на феноменалната глетка од терасата, од каде што се гледаат собраните стотина илјади обожаватели, па затоа и делувала многу посигурно и ги поздравувала со поголема самодоверба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг