Џастин Бибер се вери, а еве како го прифати тоа Селена Гомез

Точка

11/07/2018

10:11

5.410

Големина на фонт

а а а

Сигурно на никој не му е сеедно кога ќе слушне дека поранешната љубов се вери, а особено не кога сте светска ѕвезда и целиот свет чека да слушне што имате да кажете на таа тема. Посебно кога само после неколку месеци откако сте раскинале да ги слушнете тие новости.

Откако вестите дека Џастин Бибер се верил со брзина на светлината се прошириле низ светот, Селена Гомез очигледно не тагува, па на Инстаграм сподели фотографија на која се гледа како ужива на јахта во Њујорк со својата асистентка Тереза Мари Мингус.

Тие две облечени во костими за капење, се сончале и фотографирале, па истата фотографија ја сподели и Тереза на Инстаграм.


"Селена Гомез ти си единствената жена која го освои моето срце, навистина си секси мачка во бикини", напишала во коментар.

И нејзините обожаватели очигледно го споделуваат истото мислење со оглед на тоа дека на фотографијата собрале повеќе од 70.000 лајкови.


Имено, според неколку извори Селена Гомез била забележана во Њујорк како папраците ја прашуваат што има да каже за веридбата на Џастин, таа влегла само во автомобилот не правејќи контакт со очи. Односно, блиски извори велат дека на Селена воопшто не ѝ е грижа за Џастин, таа е среќна и се наоѓа на многу добро место. Според нив, Гомез работи на нова музика и нови проекти, што значи е фокусирана на себе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг