Голем скандал го тресе сервисот на “Google”: Вработените во “Gmail”, но и трети лица можат да ги читаат мејловите на корисниците?

Точка

09/07/2018

19:49

1.771

Големина на фонт

а а а

Престижниот “Wall Street Journal” објави вест дека вработените во “Gmail”, но и трети лица можат непречено да ги читаат мејловите на корисниците, а ваквата вест за кратко време ја потресе цела интернет заедница.

Имено, како што пишува познатиот медиум, над стотици произведувачи на софтвер и апликации имаат увид во пораките на корисниците, и тоа преку апликации од трета страна. Во некои од случаите биле компромитирани над илјадници профили на корисниците, а помеѓу останатото, тие изнеле и докази дека истиот случај се појавил во компанијата “Edison Software” чии програмери читале илјадници мејлови од своите корисници со цел да ја усовршат својата опција “Smart Reply”. 

“Gmail” кој е во склоп на компанијата “Google” го користат милијарди лица ширум светот, а овој интернет гигант ја демантирал оваа информација со објаснување дека “никој не ги чита мејловите на корисниците, освен во многу специфични случаи кога ве известуваат за тоа и бараат јасна согласност од вас”.

Како што напоменуваат од компанијата, трети лица и нивните апликации имаат пристап до само мал дел од податоците, но со конкретно објаснување поради што тие податоци им се потребни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг