Интересен патент на Huawei: Паметен часовник со бежични слушалки...

Точка

05/07/2018

18:43

1.308

Големина на фонт

а а а

После релативно слабиот успех на Huawei Watch 2, од кинеската компанија решија да подготват нешто поинаков пристап за својот иден паметен часовник.

Првиот чекор кон тоа е патентирање на уред кој ќе биде во состојба на различни начини покрај себе (или во себе) да има вклучено и бежични “Bluetooth” слушалки.

Како што пренесуваат кинеските медиуми, патентот на Huawei се засновал на некеолку различни принципи за „складирање“ на слушалките. Некои принципи подразбирале слушалките преку магнетен пат да се прикачат на паметниот часовник, директно или во мала кутија. Исто така, смислен бил начин и за чување на слушалките во водоотпорна капсула која што преку механизам би се исфрлала надвор од внатрешноста на часовникот.


После процедурата која што трае неколку месеци, од World Intellectual Property Organization пред неколку дена официјално го одобриле овој патент, па можеме да се надеваме дека наскоро ќе пристигне паметен часовник на Huawei кој ќе го има имплементирано ова решение.

Сепак, патентирањето не мора да значи дека Huawei навистина ќе дизајнира ваков часовник, но ако се земе во предвид дека од кинеската компанија пред неколку месеци патентирале паметен часовник фокусиран на гејминг, тогаш може да се очекува дека Huawei Watch 3 ќе биде револуционерен часовник на кој ќе може да се игра и да се слуша музика преку слушалки.


Како и да е, самата идеја за слушалки во часовник изгледа интересно, затоа што секако слушалките мора да ги чуваме некаде, а кога се бежични, многу лесно може да се загубат. Поради тоа, останува да се надеваме дека еден ваков револуционерен паметен часовник можеби наскоро ќе го здогледа светлото на денот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг