Комуникацијата помеѓу автомобилите ќе овозможи побезбедно возење и помал број на сообраќајни несреќи

Точка

05/07/2018

17:51

477

Големина на фонт

а а а

Хјундаи инвестираше во компанијата “Autotalks” која што ги развива чиповите за “V2X” технологијата, односно за комуникација на автомобилот со другите автомобили во сообраќајот и со сообраќајната инфраструктура.

Една од технологиите кои што може да очекуваме во блиска иднина да бидат имплементирани во модерните автомобили е “V2X” комуникацијата (Vehicle-to-X), односно можноста за комуницирање на автомобилот не само со другите автомобили, туку и со инфраструктурата.

Оваа технологија веќе од следната година се очекува да биде имплементирана во автомобилите на Фолксваген, а до средината на 2020-та година ќе биде имплементирана и во сите автомобили на Тојота. Исто така и бројни други компании како Форд и Ауди имаат планови за користење на технологијата.


Големи планови има и јужнокорејски Хјундаи, од каде што објавија дека е склучено партнерство со компанијата “Autotalks” која што развива чипови за “V2X” комуникација, па наскоро можеме да очекуваме и возилата на оваа компанија да пристигнат со поддршка на “V2X”.

Оваа технологија ќе овозможи комуникација помеѓу возилата, но и на возилата со инфраструктурата како што се семафорите, ќе може да ги известува компаниите за одржување на патиштата со испраќање на информации за оштетените коловози и слично.

Сепак, најважниот дел е комуникацијата помеѓу возилата која што би можела да спаси бројни животи – на пример, при приклучувањето од споредна на главна улица, технологијата која што ќе комуницира со околните возила ќе го предупреди возачот дали се заканува опасност од доаѓање на автомобил кој што можеби не го забележал, а возачите ќе претекнуваат автомобили само кога системот ќе потврди дека „од зад кривината“ на спротивната лента не доаѓа автомобил.

Покрај тоа, оваа технологија ќе може да ги предупредува возачите на другите автомобили за оштетувања на патот, сообраќајни несреќи и метеж на улиците, а сите овие информации и комуникацијата помеѓу автомобилите ќе биде исклучително важна за развојот на автономните автомобили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг