Хорор во средно училиште на Флорида: Започнал да пука и убил најмалку две лица - „Отсекогаш беше проблематичен“

Точка

14/02/2018

23:35

2.244

Големина на фонт

а а а

Се уште се чекат подетални информации околу пукотницата која што се случи во едно средно училиште во американската сојузна држава Флорида.

Денес во попладневните часови по локално време дошло до пукање во едно училиште во американската сојузна држава, а според информациите на новинската агенција "AP", станува збор за училиштето "Marjory Stoneman Douglas High School" во градот Паркленд.

Телевизискиот пренос во живо прикажа како десетина ученици бегаат и се оддалечуваат од училиштето, а целото место е преплавено од голем број на возила на итна служба и пожарникарски возила, како и голем број на припадници на полициските сили.

Според последните информации, ранети биле најмалку 20 лица, а убиени две. Учениците кои што биле евакуирани од училишната зграда откриле за американските медиуми дека го препознале напаѓачот и тој бил познат како проблематичен дечко.

„Отсекогаш беше проблематичен. Играше со оружјето затоа што тоа му даваше некакво чувство на возбуда. Еднаш на неговиот телефон ми покажуваше фотографии од неговото оружје. Неколку пати се шегуваше на сметка на вооружените напади на училиштата. Тој знае како изгледа училиштето и знае каде учениците ќе бидат доколку се случи ова“, изјави еден од евакуираните ученици.



Спонзорирани линкови

Маркетинг