Ѝ помогнал на Русија во допингот, потоа ја предал, побегнал во САД и го променил изгледот: Кој е Григори Родченков, човекот кој ги издал руските тајни

Точка

14/02/2018

17:36

4.847

Големина на фонт

а а а

Родченков истакнал дека верува дека претседателот на Русија, Владмир Путин, бил запознаен со допинг-програмата.

Григори Родченков, кој изнел обвиненија на сметка на руските спортисти, тврдејќи дека постои системски допинг, вели дека животот му е загрозен, бидејќи Кремљ сака тој да престане да зборува. 

Поранешниот службеник на анти-допинг агенцијата на Русија - "RUSADA", сега прв пат од 2015. година, откако се наоѓа во Америка, дал телевизиско интервју и поради тоа го променил личниот опис. "Од безбедносни причини" ги избричил мустаќите, ја исфарбал косата и облекол панцир. За да може да ја објасни својата постапка, рекол дека постојат информации дека животот му е загрозен и дека поради тоа биле преземени одредени мерки.

Родченков истакнал дека верува дека претседателот на Русија Владимир Путин, бил запознаен со допинг програмата, и покрај негирањето на Кремљ.

"Не сум лажго. Во Русија не ја зборував вистината, но откако дојдов во САД, ја зборувам вистината", рекол Родченков, зборувајќи за тврдењата на рускиот претседател дека сите обвиненија ги изнесува во договор со американските служби.

Откако биле истражени тврдењата кои ги изнел, на руските спортисти им било забрането да учествуваат на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Поради тоа, 168 натпреварувачи од Русија продефилирале на олимпискиот стадион под неутрално знаме, а на кои Меѓународниот олимписки комитет им пратил повик да учествуваат откако било докажано дека се чисти.

Григор Родченков е искусен хемичар и поранешен директор на "RUSADA", на чие чело бил од 2005. до 2015. година.

Дарот за хемија го наследил од родителите кои некогаш биле врвни советски лекари. Во текот на образованието бил вреден и примерен ученик, подоцна и студент. Пред да стане директор на државната анти-допинг агенција, работел во петрохемиската индустрија.

Во ноември 2015. година бил суспендиран од Меѓународната анти-допинг агенција, бидејќи учествувал во лажирање на тестови под покровителство на државата.

Рекол дека во сето тоа била вклучена и руската разузнавачка служба. Објаснил дека руските разузнавачки маскирани во водоинсталатери доаѓале да менуваат шишенца со урина, на тој начин што во обезбедената просторија, каде била лабораторијата, ги внесувале низ дупки во ѕидот.

За 10 години, колку што бил на чело на агенцијата, помогнал да се развијат и дистрибуираат забранети супстанци за илјадници руски спортисти, бидејќи, како што рекол, целта на руската држава била по секоја цена да се освојуваат медали на Олимписките игри и светските првенства.

По избивањето на скандалот во 2015. година, побегнал во САД, каде од јануари 2016. година се наоѓа во програм за заштита на сведоци. Во замена за тоа, прифатил да соработува со инспекторите на WADA.

Се покажало дека тврдењата дека животот му е загрозен се оправдани, бидејќи за само 10-тина дена умреле поранешниот директор на RUSADA, Вјачеслав Синев и тогаш извршниот директор на државната анти-допинг агенција Никита Камајев.




Спонзорирани линкови

Маркетинг