Ердоган со закана до САД: Би можеле наскоро да ја почувствувате Отоманската шлаканица

Точка

14/02/2018

15:47

2.489

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати закана до официјален Вашингтон, иако двете земји се членки на НАТО Алијансата и практично големи стратешки сојузници.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека Соединетите Американски Држави наскоро би можеле да ја почувствуваат „Отоманската шлаканица“.

Тоа е дел од жешката турска реторика која што практично од ден во ден ги уништува односите помеѓу Вашингтон и Анкара, а повод е примарно ситуацијата во северна Сирија каде што Турција се бори против Курдските сили кои што се сојузници на САД.


Ердоган даде свој коментар во врска со изјавата на американските власти кои што порачаа дека Турција би можела да доживее „остар одговор“ доколку турската армија тргне во офанзива кон сирискиот град Манбиџ.

Имено, турскиот претседател Ердоган најави проширување на турската операција кон овој курдски град на северот на Сирија каде што се распоредени и американски војници, меѓутоа засега ништо од офанзивта, првенствено затоа што од САД порачаа дека немаат намера да ги повлекуваат своите војници.

„Тие кои што велат дека ќе ни дадат остар одговор доколку удриме на нив, очигледно е дека никогаш во животот не добиле отоманска шлаканица“, порача Ердоган, реферирајќи на боречкиот потег кој претставува специфичен удар со отворена дланка кој може да го онесвести противникот.


Сепак, аналитичарите сметаат дека ова е само уште една во низа од многуте празни закани на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој што очигледно знае дека светска сила како САД нема да отстапи од своите интереси, посебно во една комплексна ситуација како што е ситуацијата во Сирија.

Покрај тоа, Американците веќе во неколку наврати со серија на масивни бомбардирања покажаа дека немаат намера да ја напуштат Сирија, а со тоа веројатно немаат намера ниту да ги напуштат своите сојузници на терен - сириските Курди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг