Апел од загрижен читател: Струга и струшките села без електрична енергија повеќе од 16 часа, надлежните не реагираат

Точка

14/02/2018

13:11

1.217

Големина на фонт

а а а

Во редакцијата на Точка пристигна мејл од загрижен граѓанин на струшко-охридскиот регион, кој нѝ испрати фотографии од моменталната состојба во овие општини.

Вчера, поголемиот дел од Струга останал без електрична енергија поради снежните врнежи кои попладнето и во текот на ноќта го зафатија овој регион, заедно со Вевчани и околните струшки села.


Жителите немаат електрична енергија повеќе од 16 часа, а во прекин е и снабдувањето со вода за пиење. Патиштата до поголем дел од селата се непроодни, а по улиците на Струга можат да се забележат искинати кабли на ЕВН и кабелските оператори. 



Општина Дебарца нема електрична енергија речиси 20 часа. 

Надлежните информираат дека работат на санирање на сите проблеми, со надеж дека истите брзо ќе се решат поради подобрените временски услови во споредба со вчерашниот ден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг