Хумористични подароци за Денот на вљубените со уникатна дефиниција за романтика

Точка

14/02/2018

10:48

1.168

Големина на фонт

а а а

Со оглед на тоа дека денес се прославува Денот на вљубените, а во Македонија и Св. Трифун, сепак поголемиот дел од луѓето го прославуваат Валентајн или Денот на вљубените. Можеби нè сите од нас го сфаќаат сериозно овој празник, што е добро бидејќи нема ништо повеќе секси од добра смисла за хумор и креативен подарок.

Па, во замена со досадните, некреативните подароци, цвеќињата, чоколадата или вечера за двајца, некои луѓе се обиделе да креираат многу покреативни подароци кои со сигурност ќе останат запаметени. 

Bored Panda повторно не нè разочара, па состави одлична компилација на фотографии со креативни и смешни подароци за Денот на вљубените. Овие подароци откриваат многу повеќе за парот и нивната врска отколку типичните подароци кои ќе ги купите од продавница, а нема да имаат никакво посебно значење. Сепак се работи за вниманието, отколку за тоа каков подарок ќе купите или колку пари сте дале за него.

Доколку сè уште не сте купиле подарок, не грижете се, тука имате доволно идеи кои ќе Ви помогнат во креирањето на подарок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг