Најголемиот бунтовник од светската сцена успеа да го смири само една жена, прекрасната бринета Ајда Филд

Точка

14/02/2018

10:04

5.936

Големина на фонт

а а а

Кога Роби Вилијамс ќе се појавеше на сцена, сите очекуваа нешто неочекувано од него. Тој е толку различен од другите артисти, како и еден од најголемите бунтовници во музичката индустрија. Исто така, постојано беше во присуство на убави жени, а само една успеа да му го освои срцето и да заборави на лудориите.

Музичката ѕвезда синоќа наполна 44 години, а со познатата глумица започна да се забавува во 2006 година, три години подоцна ја запроси, а во 2010 година тие го кажаа судбоносното "да" во Лос Анџелес. 


Бунтовникот Роби Вилијамс беше магнет за жентите, бидејќи поседуваше сè што жените посакуваа кај еден маж: бунтовнички дух, статус на музичка ѕвезда и недостиглив маж. Ајда Филд е името на неговата сопруга која успеа од Роби да направи сериозен човек, посветен сопруг и добар татко, нешто на кое многумина ѝ завидуваа.


Која е Ајда? Таа е глумица со турско - американско потекло, а врската со нејзиниот татко ја прекинала откако нејзините родители се разведиле, а подоцна поради нејзина иницијатива повторно се зближиле. Ајда го замолила својот татко да ја испрати до олтарот на венчавката со Роби, а таткото со задоволство се согласил.


Прекрасната бринета глумеше во серијата "Days of Our Lives", а во Америка е популарно телвизиско лице, а исто како својот сопруг таа е многу забавна и духовита.


Смислата за хумор им е заедничка карактеристика, додека на прв поглед ќе помислите дека тие се сосема различини еден од друг. И двајцата се директни и искрени, па така во едно интервју Ајда признала дека понекогаш ги лажира оргазмите. Овој пар има две деца, ќерката Теодора Роуз и синот Чарлтон Валентајн.

Роби Вилијамс е грижлив татко кој обично знае да даде контроверзни изјави. Пред неколку години кога го запрашале како ќе реагира доколку неговата ќерка чекори по истиот пат како него, тој изјави:

"Се сомневам дека ќе биде како мене. Да чукнам во дрво, таа е опркужена со љубов и среќа, така што нема да посака да ги проба тие работи. Меѓутоа, доколку се случи тоа, би сакал да бидам покрај неа и да се осигурам дека ќе ја конзумира најдобрата дрога".


Пејачот од Стратфор својата кариера ја започна со групата "Take that", а најголема слава стекна откако се повлече од групата и започна соло кариера. Со милиони продадени албуми, тој може да биде задоволен со сè она што постигнал во животот.

Други интересни податоци за Роби:

- богатството на пејачот се проценува на повеќе до 100 милиони долари .

- признал дека имал употребувано ботокс и дека не бил задоволен после третманот .

- сè пишуваше дека боледува од мистериозна болест, но подоцна изјави дека станува збор само за хроничен замор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг