Џејмс и другарите се враќаат на победничките патеки: Поразен е тимот на Оклахома

Дерби

14/02/2018

09:56

141

Големина на фонт

а а а

Кливленд Кавалирс како гостин успеа да го совлада фаворизираниот Оклахома Тандерс со конечен резултат од 120:112.

Леброн Џејмс со неговата игра потврди дека е човекот кој ќе биде во тесна трка со Џејмс Харден ,,Брадата” за титулата МВП на сезоната. Џејмс кој победата на својот тим му ја донесе во последните минути од натпреварот, го предводеше Кливленд со 37 поени, 8 скокови и 8 асистенции.

Во поразениот тим на Оклахома Сити Тандер со одлична, но недоволна игра се истакнаа Пол Џорџ кој уфрли 24 поени и ѕвездата број 1 на Оклахома, Расел Вестбрук со 21 поен и 12 асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг