Русинка го убила своето момче со секс: Кога видела што направила, го распарчила телото да го сокрие злосторството

Точка

14/02/2018

09:39

7.318

Големина на фонт

а а а

Жена од Русија била уапсена под сомнение дека го убила и распарчила своето момче со кое практикувала "окултизам и BDSM секс".

Анастасија Онјегина признала дека го распарчила своето 24-годишно момче Дмитри Синкевич, но тврди дека не е виновна за убиството. 

Таа тврди дека го пронашла мртвото тело и дека се исплашила дека ќе биде обвинета за убиство, па одлучила да го распарчи лешот.

Полицијата наводно се сомнева дека Синкевич, поранешен полицаец и војник во руската војска, умрел за време на сексуална игра.

Соседите за локалните медиуми рекле дека парот бил љубител на окултизам и BDSM, а додале и дека тој на социјалните мрежи објавувал сатанистички обележја. Во соседството се "прочуле" бидејќи биле многу гласни.

Телото го пронашла сестрата на Анастасија, која потоа се јавила во полиција.

Моментално се утврдуваат околностите на неговата смрт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг