Била советничка во Белата куќа, а потоа влегла во реално шоу! Сега го нападнала Пенс: Тој е екстремист, мисли дека Исус му кажува што да прави

Точка

14/02/2018

09:40

1.572

Големина на фонт

а а а

Омароза Маниго Њумен, поранешна советничка на претседателот на САД, Доналд Трамп, која претходно се прогласила со учеството во неговото реално шоу "The Aprentice", сега учествува во ново реално шоу каде на Американците им порачала дека "ќе молат да се врати времето на Трамп ако Пенс стане претседател", нарекувајќи го екстремист.

Учесничката во реално шоу, која пред политичката кариера била позната само како Омароза, рекла дека Пенс верува дека Исус Христос му кажува како треба да направи одредени работи, што е гледиште кое го нападнала. 

"Јас сум христијанка, го сакам Исус, но Пенс мисли дека Исус му кажува што треба да каже - па јас велам - "Исус не го кажа тоа". Страшно"; рекла Омароза.

Таа во епизодата на "Големиот брат на познати личност", емитувана вчера на "CBS", ги предупредила Американците кои бараат импичмент на Трамп, дека би требало да размислат за таа желба.

"Дали може да го кажам само ова? Колку и да мислите дека е Трамп лош, би ве загрижил Пенс. Ќе молиме да се врати времето на Трамп ако Пенс стане претседател, само тоа го кажувам. Тој е екстремист", рекла Омароза.

Американските медиуми минатата седмица пренеле дека во водениот клип на "Големиот брат на познати личности" Омароза во солзи пратила предупредување дека Америка е во опасност, и дека таа "никогаш, ни за милион години", нема повеќе да гласа за Трамп.

Омароза на втората ѕвезда на овој програм, Роса Метјуз, на прашањето поставено во име на Американците - "Дали треба да се загрижиме", и одговорила потврдно.

Таа со солзи на очите изговорила "да" и продолжила. "Нема да биде добро. Нема", рекла Омароза.

Потоа на Метјуз и рекла дека никогаш повеќе нема да гласа за актуелниот претседател.

"Боже, не. Никогаш. Ни за милион години, никогаш", рекла Омароза.

"ABC News" потсетува дека таа во декември минатата година поднела оставка на функцијата директорка за комуникации на Канцеларијата за врски со јавноста во Белата куќа, а во вчерашната епизода на новото реално шоу рекла дека ја прогонуваат пораките кои Трамп ги пишува на Твитер.

"Бев прогонета од твитовите буквално секој ден. Како, што ќе твитува тој следно?", навела тогаш Омароза со тврдењето дека другите советници на Трамп ја спречувале да му пријде и да го убеди да ја намали активноста на социјалната мрежа.

Белата куќа исто така се огласила по зборовите на Омароза во реалното шоу, наведувајќи дека на нејзините коментари не гледа многу сериозно.

"Омароза е три пати отпуштена од "The Aprentice" и ова е четврти пат да и дадеме отказ", рекол заменик прес секретарот на Белата куќа, Раџ Шах.




Спонзорирани линкови

Маркетинг