Тоти: Поважна ми беше љубовта и страста од било која титула

Точка

14/02/2018

11:07

192

Големина на фонт

а а а

Франческо Тоти целата своја кариера ја помина во Рома и денес вели дека не жали за тоа, иако можел да бира во кој клуб да игра.

Познато е дека Франческо Тоти во неколку наврати ги одбил понудите на Реал Мадрид, а денес вели дека има нешто многу поважно од титулите.

„Најдобра понуда за да си одам од Рома беше понудата на Реал Мадрид во сезоната 2003/2004. Направив прецизна одлука, останав во Рома, иако можев да освојувам титули во Реал Мадрид. На крајот, го добив тоа што го сакав - љубов и страст и тоа ми е поважно од некои титули. Дадов 101% од себе за Рома, клубот беше пред се што е останато во мојот живот“, изјави Франческо Тоти кој запрашан од новинарите на "Sky" колку би вредел денес, изјави:

„Па би вредел можеби околу 200 милиони евра“, се пошегува 41-годишниот Франческо Тоти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг