Порто без најдобриот напаѓач против Ливерпул?

Точка

14/02/2018

10:06

201

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Порто, Венсан Абубакар би можел да го пропушти осмина-финалниот дуел на Порто против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Камерунскиот напаѓач не тренирал со остатокот на тимот поради повреда на мускулот, па неговиот настап против Ливерпул е неизвесен. Тој исто така ги пропушти и последните два натпревари за Порто.

Абубакар во досегашниот тек од сезоната одигра 28 натпревари и постигна 20 погодоци. Во Лигата на шампионите Абубакар постигна 5 од вкупно 15-те погодоци на португалскиот клуб.

Инаку, вреди да се истакне дека фудбалерите на Порто немаат пораз на последните 23 натпревари во сите натпреварувања, а на свој терен имаат загубено само еднаш - од екипата на турски Бешикташ во групната фаза од Лигата на шампионите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг