Драма во Истанбул: Дете висеше на прозорец на втор кат - соседите го спасија на неверојатен начин

Точка

14/02/2018

09:30

1.080

Големина на фонт

а а а

2-годишно дете се качило на прозорот и за малку ќе паднеше од втор кат - вистинска драма се случуваше во турски Инстанбул.

За среќа, соседите го забележале детето како виси на прозорецот, очигледно не можејќи да се врати назад во собата, па веднаш тргнале во акција да го спасат.

Најпрвин тие се обидоа да ги повикаат родителите за да го повлечат од внатре, меѓутоа набрзо се досетија да земат ќебе и да го рашират под прозорецот. Исплашеното дете се обидуваше да се врати назад, меѓтоа во еден момент ги отпушти рацете и падна директно врз ќебето.

За среќа, брзата реакција на соседите го спаси детето кое што помина без никакви повреди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг