Јувентус испушти победа против Тотенхем, Сити се прошета низ Базел

Дерби

13/02/2018

22:52

1.217

Големина на фонт

а а а

Вечерва започнаа новите возбудувања, поточно нокаут фазата во Лигата на шампионите која беше отворена со два ефикасни натпревари со вкупно осум погодоци.

Дербито на денот меѓу Јувентус и Тотенхем заврши без победник 2-2 и патникот во следната фаза ќе се решава на „Вембли“. Калчолигашот ги имаше сите предуслови за одличен резултат од оваа средба, водеше со 2-0 со двата погодоци на Игуаин по само 9 минути игра, а истиот играч во последите мигови од првиот дел промаши пенал со кој можеше да му донесе водство на својот тим од 3-1.

Меѓу овие два моменти мрежата на Буфон ја затресе Кејн кој со ова го израмни рекордот на Стивен Џерард за бројот на постигнати погодоци во една кампања во ЛШ (7). Конечните 2-2 беа поставени во 71 минута кога Ериксен погоди од слободен удар.

Сосема спротивно од ова беше во Швајцарија каде Манчестер Сити го 4-0 го декласираше Базел и на тој начин си го обезбеди пласманот во четвртфиналето освен ако на реваншот на „Итихад“ не се случи некое спортско чудо од невидени размери.

Гундоган даде по еден гол во двете полувремиња, а во листата на стрелци се запишаа Силва и Агуеро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг