За Денот на дрвото биле потрошени 17,8 милиони евра, а за палмите половина милион евра

Макфакс

13/02/2018

20:06

1.025

Големина на фонт

а а а

За акцијата Денот на дрвото претходната Влада потрошила 17,8 милиони евра, а преживеале само 21 отсто од засадените дрва. За палмите, пак, биле потрошени половина милион евра, а ниту една не преживеала, соопшти Владата.

„Владата денеска ја разгледа и ја усвои информацијата на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми ‘Македонски шуми Скопје’ за вкупно потрошените финансиски средства за спроведување на акцијата Ден на дрвото – засадија својата иднина од почетокот на акцијата до 2016 година. Според оваа информација, за реализација на оваа акција биле потрошени 17,8 милиони евра, а преживеале само 21 отсто од вкупно засадените садници. Дополнителни 31 милион денари во оваа акција биле потрошени за засадување палми, а во извештајот се наведува дека ниту една палма не преживеала“, соопшти владината прес-служба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг