Портретите на Барак и Мишел Обама драстично се разликуваат од портретите на нивните претходници, тие се поставени во Националната галерија на Вашингтон

Точка

13/02/2018

16:52

1.832

Големина на фонт

а а а

Портретите од поранешниот американски претседател Барак Обама и поранешната прва дама Мишел Обама од денес се достапни за посетителите во Националната галерија во Вашингтон, каде свечено беа поставени еден ден претходно. Во оваа Национална галерија се наоѓаат комплетните колекции од портретите на сите американските претседатели.


Портретот на Барак Обама беше насликан од Кехинд Вајли, уметникот најпознат по своите живописни слики за Афроамериканците. Додека портретот на поранешната прва дама е дело на уметничката од Балтимор, Ејми Шералд. 


Мишел Обама беше воодушевена од работата на уметничката, а семејството Обама пред да ја донесе вистинската одлука ги разгледуваше делата на повеќе од 20 уметници. Тие одбрале двајца афроамерикански уметници чиј стил отстапува од конвенционалниот пристап за претседателските портрети.


Како што пренесуваат агенциите и светските медиуми, првите реакции биле негативни, но мислењето дека портретот каде Обама седи на дрвен стол опкружен со цветна позадина и неговата сопруга чија раскошна тоалета доминира на портретот е голема контраст во споредба со претходните претседателски портрети.


Барак и Мишел делуваат опуштено и самоуверено, а ниту малку дека се гневни за изгледот на сегашен Вашингтон. Портретот на поранешниот претседател на САД е поставен во ходникот кај што се останатите портрети на сите претседатели, а на неговата сопруга е во друга галерија.





Спонзорирани линкови

Маркетинг