Строл: Подиумот треба да биде само почеток

КРУГ.МК

13/02/2018

16:45

178

Големина на фонт

а а а

Откако стигна до подиум на Големата награда на Азербејџан во Абу Даби, Ленс Строл смета дека тоа треба да биде само почеток во неговата кариера.

Лани, во својата дебитантска сезона во спортот, младиот канаѓанец се качи на подиум со 18 години и 239 дена, а подоцна, на Италијанското Гранд При во Монца, повторно собори рекорд и стана најмладиот возач во историјата кој стартувал од првиот ред.

„Во мојата прва година постигнав некои цели кои ги имав поставено за следните неколку години. Никогаш не помислував дека толку рано можев да стигнам до подиум и бев навистина многу горд на себе. Но, тоа треба да биде само почеток, знам дека можам да се подобрам како возач и да бидам многу поконкурентен во сите области.

Многу се променив во текот на годината како возач и навистина многу научив. Се враќам годинава многу посилен, како ментално, така и физички“, објасни Строл во своето интеврју за Express & Star.

И покрај силните резултати уште во својата прва Формула 1 сезона, поради пребогатиот татко, тој сеуште ја носи етикетата на “платен возач“. Но, канаѓанецот многу пати изјави дека тоа не му смета воопшто.

„Останувам во мојата зона каде се чувствувам удобно, тоа го правам. Секогаш постои врева и одвлекување на вниманието, но сето тоа мора да се блокира. Луѓето секогаш ќе зборуваат одредени работи, но јас морам да ја работам својата работа. Токму тоа го направив во Азербејџан, блокирав се останато, а тоа се обидувам да го правам и во иднина.

Во Баку знаев дека ме бркаат тројца конкурентни возачи со побрзи болиди од мојот, а влогот беше место на подиум. Знаев дека ќе ме бркаат до последниот круг и поминувањето низ цтартно целната рамнина. Морав да минува кривина по кривина и да се осигуране дека сум на ниво, не губан концентрација затоа што патеката е таква што лесно може да се погреши.

Знаев дека морам да стигнам до подиум, не беше лесно затоа што на 30 кругови пред крајот бев на 2ро место. Трката беше огромен предизвик и многу емотивна, но сепак научив многу“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг