Јута Џез незапирлива: Падна Сан Антонио за 10-та победа по ред

Дерби

13/02/2018

14:53

161

Големина на фонт

а а а

Јута Џез ја забележа 10.победа по ред , а овој пат на дневен ред дојде екипата на Сан Антонио Спарс, која беше минимално поразена со резултат од 101:99.

Најефикасен во редовите на Јута Џез беше Донован Мичел кој постигна 25 поени, 7 скокови и 5 асистенции, а го постигна и решавачкиот кош од скок-шут на четириесет секунди до крајот на натпреварот.

Со одлична игра го следеа и соиграчите Инглс кој успеа да уфрли 20 поени и Дерик Фејворс со 19 поени и 7 скокови. Интересно, е што целиот натпревар Сан Антонио беше во водство и на девет минути пред крајот на натпреварот, Спарси водеа со 13 поени разлика со резултат од 83:70.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Чикаго – Орландо 105:101

Јута – Сан Антонио 101:99

Детроит – Њу Орлеанс 103:118

Филаделфија – Њујорк 108:92

Голден стејт – Феникс 129:82.

Бруклин – ЛА Клиперс 101:114



Спонзорирани линкови

Маркетинг